Лучијано Спалети беше видно нервозен на прес-конференцијата по дуелот со Лече во кој неговиот Јувентус одигра само 1-1 на домашен терен.
Главна тема беше промашениот пенал на Џонатан Дејвид, конкретно прашањето зошто Дејвид воопшто го изведе пеналот во ситуација кога и Јилдиз беше на теренот.
„Факт е дека ние имаме повеќе изведувачи на пенали, а тие меѓусебе се договараат во одредена ситуација. Не знам зошто се прави толкава драма, можеби е најдобро вие новинарите да ги шутирате пеналите за Јуве“, бесен беше Спалети.
Потоа, тренерот на Јувентус продолжи: Јилдиз е прв изведувач, но штом решил да му ја даде топката на Дејвид сигурно постоела причина, можеби се исплашил во моментов. Дејвид презеде одговорност, за жал промаши, но покажа карактер и тој останува еден од нашите изведувачи на пенали и во продолжението на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

