Спалети се премислува: За Елмас мора да има место во стартниот тим на Наполи

Лучијано Спалети е воодушевен од одличните настапи на Елиф Елмас на стартот од 2023 година, па „дијамантот“ сега е на листата на играчи на кои тренерот на Наполи гледа како на стандардни првотимци.

Елмас влезе во второто полувреме и постигна гол на дербито против Јувентус, а веднаш потоа одигра одлично и против Салернитана, кога по неговиот удар во дирекот Осимен ги постави конечните 0-2. Спалети е импресиониран од формата, но и од самиот пристап на македонскиот репрезентативец на тренинзите и натпреварите, па италијанските медиуми најавуваат дека тој сигурно ќе биде стартер и на следното дерби со Рома.

Елмас настапи на местото на Кварасхелија против Салернитана, Грузиецот дефинитивно ќе биде во тимот против Рома, но Спалети е решен и Елиф да го задржи првотимскиот статус. Ова најверојатно ќе значи и нова преселба на Македонецот во средниот ред на Наполи, позиција која и на Елиф најмногу му одговара за истакнување на своите квалитети.

Се вчитува...