Виктор Осимен би можел до крајот на овој преоден рок да се пресели во Манчестер јунајтед откако „црвените ѓаволи“ ќе го комплетираат трансферот на Антони од Ајакс. Тен Хаг нема премногу опции на централен напаѓач, особено доколку се реализираат најавите за заминување на Кристијано Роналдо, а токму Португалецот може да биде клучен во преговорите за преселба на Осимен на „Олд Трафорд“.
Неговиот агент Жорге Мендеш интензивно бара нов клуб за Кристијано, а Наполи покажа интерес само доколку станува збор за позајмица, и тоа во ситуација во која Јунајтед би покривал повеќе од половина од платата што би требало да ја зема поранешниот ас на Јувентус и Реал Мадрид. Во една таква ситуација, „наполитанците“ би го продале Осимен во Манчестер за 100 милиони евра, плус во Роналдо би добиле краткорочна замена (следното лето тој би бил слободен да си го избере новиот клуб).
„Не е тајна, сите играчи на Наполи имаат своја цена, така е од првиот ден кога јас сум во клубот. Осимен е наш најдобар напаѓач, но ако се јави клуб што ќе дојде и ќе понуди 100 милиони евра, како што се пишува по медиумите, дефинитивно ќе биде тешко да кажеме НЕ на една таква понуда“, изјави тренерот на Наполи, Лучијано Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА