Елиф Елмас прикажува одлични игри во дресот на Наполи и ќе продолжи да добива што поголема минутажа во таборот на својот тим. Ова на денешната прес-конференција го изјави тренерот Лучијано Спалети, потврдувајќи го неговото присуство во тимот и за утрешното гостување против Салернитана.
Во ситуација кога Кварескелија е повреден, Спалети е повторно решен да му даде шанса на Елмас на левокрилната позиција во тимот.
„Задоволен сум од Елиф Елмас. Тој ја покажа својата вредност, секогаш кога е на теренот дава се од себе. Сигурно ќе игра против Салернитана, со она пто го покажува тој заслужува да игра за Наполи“, изјави Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

