Спалети: Во Италија и натаму има мајки кои раѓаат таленти како Баџо, Дел Пјеро, Тоти…

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети го коментираше дебаклот на Италија и поразот од Босна и Херцеговина во финалниот бараж за Светско првенство.

Спалети ги започна квалификациите за пласман на Мундијалот, а потоа беше заменет со Џенаро Гатузо, кој не успеа да ја однесе селекцијата на Мундијал.

Тој кажа дека во Италија и натаму има таленти, само што треба да се работи со нив.

„Ги познавам сите таму и знам колку љубов и страст вложија во тоа. Тажен сум поради тоа што се случи, но се надевам дека луѓето ќе ги послушаат сите совети и ќе почнат правилно да планираат за иднината. Во моментов има многу странски сопственици во италијанскиот фудбал. Тоа е добро, но мора да се запрашаме дали сакаат да го извлечат максимумот од италијанските играчи. Исто така е исправно да се бараат најдобрите во други земји. Мислам дека сè уште има многу мајки кои раѓаат таленти како Роберто Баџо, Франческо ТотиАлесандро Дел Пјеро и Фабио Канаваро. Затоа мора да бидеме во позиција да ги искористиме талентите што мајките ги даваат“, рече Спалети. 

Се вчитува...