ЕКИПА во Рим,
Никола Станикевски
Фудбалската репрезентација на Македонија в петок од 20.45 часот на „Олимпико“ ќе и гостува на Италија во натпревар од 7. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија.
Селекторот на италијанската репрезентација, Лучијано Спалети пред утрешниот меч вели дека Македонија е квалитетна репрезентација.
„Не се само Барди и Елмас големи играчи во вашиот тим. Имате одличен селектор во името на Благоја Милевски, а во Македонија ни покажавте дека сте исклучително добра репрезентација. Во Скопје пробавме повеќе од една тактика, нешто што правиме често. Очекувам да играте на контра-напади и на тој начин да не изненадите. Елмас не само што е неверојатно момче кое многу го сакам, тој е многу добар фудбалер. Може да создаде шанса и кога е во тесно и затоа мораме да внимаваме“, изјави Спалети.
Тој дополнува дека утрешниот меч против Македонија е многу важен и едноставно Италија мора да победи.
„„Секако дека мора да дадеме се од себе за да победиме утре. Мора да бидеме внимателни бидејќи добро го анализиравме противникот. Една седмица се подготвувавме за овој меч. Има волја во нашиот тим за победа и да дадат максимум на овој меч. Морам и јас да научам како да се однесувам кон селекторската работа која е различна од клупската. Мора да се научи кое е значењето и одговорноста да се носи дресот на репрезентацијата на Италија. Од минатиот меч со Македонија анализиравме доволно и имавме доволно време да се поправиме и да бидеме подобри. Работиме секој ден со најновата технологија за подготвување на мечеви. Утре е најважно да победиме, а потоа ќе анализираме се останато. Можеме да имаме милион дискусии дали е добро или лошо, најважно е утре да одиграме одлично и да победиме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА