Селекторот на Италија, Лучијано Спалети по синоќешниот натпревар во Рим потенцираше дека од момент кои би ги издвоил од мечот сигурно е пеналот за „аѕурите“ во првото полувреме кој го одбрани македонскиот голман Столе Димитриевски.
Спалети рече дека интересно е како Димитриевски го залажал Жоржињо и успеал лесно да го прочита. Жоржињо се обиде со својот препознатлив скок пред да го изведе ударот, но Столе и тоа како добро го надмудри.
Македонскиот голман го почека Жоржињо да го изведе ударот, па потоа и лесно го одбрани неговиот шут…
Жоржињо ги промаши последните три пенали изведени за Италија, па италијанската јавност побара повеќе да не биде изведувач на најстрогите казни, но Спалети му порача дека повторно ќе го шутира и следниот…
„Жоржињо одигра одлично. Не се грижете, веќе му порачав дека тој ќе го изведе следниот пенал за Италија и тој се согласи да го направи тоа“ – изјави Спалети, кој рече дека и не го изненадиле двата гола на Македонија во второто полувреме.
„Да бидам искрен, очекував период во кој ќе паднеме во играта. Не очекував дека два гола ќе дојдат за така краток период, но знаевме дека Македонија умее да изненади. Сепак одлично реагиравме на сето тоа и успешно го финиширавме натпреварот со доминација“.
They won’t let him shoot again 😒
After missing a penalty kick against Macedonia… Jorginho’s last three penalty kicks with Italy were all missed ⚽❌ pic.twitter.com/L6kiLTFUTJ
— Mo (@AHAT_4567) November 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА