Фудбалската репрезентација на Македонија повторно не и дозволи на Италија да се радува на триумф откако одигра 1-1 вечерва на домашен терен во квалификациите за Европското првенство во Германија 2024 година.
По мечот Спалети говореше и за нашиот репрезентативец Елиф Елмас со кого соработуваше во Наполи.
„Елјиф е голем фудбалер и голем професионалец. Две години го познавам. Мислам дека не бев фер кон него во Наполи бидејќи секогаш беше подготвен и внесен во фудбалот. Му посакувам се најдобро во неговата кариера и неговиот живот“, изјави Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА