Наполи не успеа да дојде до посакуваниот триумф против Каљари, во самата завршница изборувајќи се само за бод со голот на резервистот Осимен.
Во еден момент на натпреварот тренерот на „наполитанците“ Лучијано Спалети имаше замерки и кон македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кон кого упати критики.
„Одвреме-навреме добивам чудна насмевка кога сум на клупата. Но, тоа е погрешно лице и секој треба добро да ја знае својата улога на терен. Ама добро се разбирам со играчите, тоа не е ништо…“ – истакна Спалети, притоа дополнувајќи:
„Направивме грешки во градењето на играта, се двоумевме да ја преземеме иницијативата. Во секој случај, за нас ова беше комплициран натпревар, Каљари заслужи повеќе. Всушност ние заслуживме нешто помалку. Никогаш не ја презедовме играта во свои раце, иако имавме поголем посед. На крај, мора да бидеме среќни со резултатот бидејќи тоа им се случува на сите по овие натпревари во Лига Европа. Направивме премалку во однос на квалитетот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА