Селекторот на италијанската репрезентација, Лучијано Спалети е еден од најголемите противници на новонајавената Суперлига која ја протежираат Реал Мадрид и Барселона
По одлуката на Судот за спортска арбитража, Суперлигата доби легитимитет да организира натпреварување, но освен Реал и Баселона засега нема друго европски гиганти заинтересирани за таа лига.
„Полека го губиме чувството за фудбал и вкусовите на минатото, темелите и традицијата – луѓето кои слават под едно знаме кога Давид ќе го победи Голијат“ – сликовито коментира Спалети на прашањето за Суперлигата.
„Овде се работи за тоа дека моќниците сакаат иднината да биде по нивните правила. Некој сака да диктира како ќе се игра фудбалот и како ќе се гледа, а не се разбираат во тоа… Секогаш ќе има топка и простор меѓу два гола. Народот сам ќе го одбере фудбалот кој најмногу му одговара и ќе биде страствен кон него. Ниту една пара ниту еден моќник не може да ја купи страста за фудбалот“ – дополнува Спалети.
Сепак, и покрај тоа што нема голем интерес за ова натпреварување, поради огромните пари кои се во игра, УЕФА и тоа како го следи развојот на целокупната ситуација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА