Спалети за Тонали и Заниоло: Ако се виновни треба да ја платат казната

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети ја смета за правилна одлуката за исклучување на двајцата репрезентативци Сандро Тонали и Никола Заниола од националниот тим.

И двајцата се под истрага откако изби скандалот дека заедно со други италијански фудбалери се обложувале на натпревари од Серија А.

„Тоа беше вистинската одлука врз основа на она што се случи. Не можевме да земеме двајца момци со нас што се во целата приказна поврзани. Вистина е и дека правдата си оди по својот тек: ако се случиле несоодветни работи, тогаш треба да ја платат казната за тоа“, изјави Спалети. 

Се вчитува...