Спалети забрани видео игри: Одиме во Германија по трофејот, а не да победуваме во “Call of Duty”

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети најави дека ќе користи методи од минатото во водењето на националниот тим. Стручњакот вели дека неговата селекција на престојното ЕП во Германија ќе оди да го обрани трофејот.

Во тој поглед, за играчите да бидат фокусирани, ќе им забрани на играчите да користат социјални мрежи, како и да играат видео игри.

„Можеби некои фудбалери мислат дека Спалети „лае“, но не „гризе“. Меѓутоа реално се во грешка, затоа што треба да појасниме некои работи. Своите конзоли за играње ќе ги остават дома и нема да ги носат во кампот. Одиме во Германија да добиваме натпревари, а не да победуваме на Call of Duty (н.з. популарна игра). Морам да им ги оставам мобилните телефони, и тоа е во ред, затоа што сите имаат семејства, меѓутоа не смеат да ги користат кога ќе одат на физикална терапија. Навивачите сакаат да видат борбена репрезентација во која играчите се храбри и одговорни. Не ми се допаѓаат овие модерни работи да играат видео игри до 4 часот наутро. Затоа што кога си во репрезентацијата секогаш треба да си концентриран“, рече Спалети.

Се вчитува...