Само девет минути му беа потребни на Елиф Елмас да постигне гол за Наполи. Влезе во игра во 70. минута на местото на Пјотр Зиелински, и постигна гол во 79. минута.
Одлична топка доби од Ди Лоренцо, и од прва стрелаше во долниот лев агол од голот на Кремонезе, за водство од 3-0. Елмас ja запечати победа на Наполи и чекор напред кон скудетото.
Тренерот на „наполитанците“ Лучијано Спалети по мечот изјави дека му е жал за Елмас што не може почесто да биде стартер, бидејќи се работи за одличен фудбалер.
„Јас за Елмас веќе сум кажал многупати дека е импресивен и дека секогаш заслужува да игра. Кога ќе влезете во меч со правилен пристап и со вистинска глава, секогаш правите добри работи. Елмас секојпат ми покажува дека заслужува да игра и навистина понекогаш многу жалам што не сум го ставил од почеток, а тој постојано успева да даде многу голем и важен придонес за победите. А, Елмас е толку среќен што игра со соиграчите…“, вели Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА