Кошаркарите на Олимпијакос се пласираа во финалето на Евролигата откако во полуфиналната битка беа подобри од ЦСКА Москва со 82-78.
Грчкиот тим, заедно со Принтезис и Папаниколау, до победата го предводеше искусниот Василис Спанулис со 14 поени. По мечот, и самиот не го криеше задоволството:
„Поради ваквите моменти играм кошарка. За време на целата сезона се боревме за финале, а сега и успеавме во тоа. Мојата задача е да го олеснам постигнувањето поени за соиграчите, а на крајот и на самиот себе. Тоа е мојата улога. Затоа и мора да бидам задоволен од партијата во полуфиналето“ – вели Спанулис, и дополнува:
„Знаевме што не чека. Воопшто не беше лесно. ЦСКА ја бранеше шампионската титула, но успеавме да ги надмудриме и заслужено да одиме во финале“.
Олимпијакос во финалето ќе се соочи со Фенербахче на Перо Антиќ кој во втората полуфинална пресметка беше подобар од Реал Мадрид со 84-75.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА