Кошаркарската репрезентација на Грција по успешниот настап на Евробаскетот на кој го освои бронзениот медал намерува да отиде и чекор подалеку во походот кон кошаркарскиот трон. Со таа цел селекторот Василис Спанулис веќе намера да го засили играчкиот кадар со два нови кошаркари.
Станува збор за Андреј Стојаковиќ, синот на легендарниот српски кошаркар Пеџа Стојаковиќ и Американецот кој со успех настапува за Панатинаикос, Кендрик Нан, пренесуваат медиумите кај јужниот сосед.
Стојаковиќ кој покрај српското има и грчко државјанство се уште нема одлучено за која репрезентација ќе настапува во иднина, додека Нан се очекува да добие грчко државјанство и тој да биде првиот избор за репрезентативни настапи во иднина пред Тајлер Дорси и Томас Вокап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

