Тренерот на Монако, Василис Спанулис беше разочаран по поразот од Басконија на гости со 85-73 во 16. коло од Евролигата.
Тоа беше нов пораз за тимот од Кнежевството, по неуспехот против Фенербахче во претходното коло.
Сè изгледаше како бајка за Спанулис и неговото друштво до мечот со турскиот тим – Монако врза три победи (АСВЕЛ, Анадолу Ефес и Париз) и направи кош-разлика од 89 во споменатите три натпревари.
Потоа следеше пад, отрезнување и Спанулис изјави дека „нема тим за плеј-оф“.
„Ние сме во лош период. Ние не сме плејоф тим… Мораме да го најдеме нашиот идентитет. Одеднаш станавме типичен Монако – кога се оди добро, ништо не се случува. Немаме голема ротација, немаме доволно играчи, мора да најдеме решение“, изјави Спанулис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

