Кошаркарот на грчкиот клуб Олимпијакос, Василис Спанулис, се опорави од повредата и се враќа на паркетот по пауза од речиси два месеци. Искусниот плејмејкер имаше проблеми со левото колено и пропушти голем дел од досегашниот тек на сезоната. Сепак, тој е подготвен за враќање на терените.
Спанулис би требало да заигра во дресот на Олимпијакос веше на натпреварот против Валенсија в четврток, во рамките на десеттото коло во Евролигата. Сигурно дека враќањето на Спанулис е голема придобивка за тренерот на грчкиот тим, Јанис Сфаропулос. Од друга страна, мака му создаваат повредите на Вангелис Манцарис и на Димитрис Аграванис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА