Евролигашката легенда Василис Спанулис по крајот на играчата кариера влезе во тренерските води и веднаш се наметна како еден од подобрите стратези. 41-годишникот со успех го предводи грчкиот прволигаш Перистери, а се натпреварува и во ФИБА Лигата на Шампиони каде вчера се сретна со нешто со што се нема сретнато 20 години.
Во победата на на својот тим на гостувањето во Унгарија против Фалко, Спанулис беше исклучен поради две технички грешки на шест минути пред крајот на натпреварот, а на пресконференцијата за медиуми откри комуникација која ја имал со член на записничката маса кој погрдно го навредил.
„Јас сум повеќе од 20 години во кошарката и никогаш во животот не сум видел човек на записничката маса кој е дел од играта да каже „Е*и се“. Никогаш не сум го видел тоа во животот. Тоа е срамота, прво за него, а после и за кошарката и за клубот кој има многу добра организација. Во него работат многу добри луѓе, имаат одличен тренер кој го познавам лично. Тоа е срамота. Никогаш не сум слушнал такво нешто.
Побарав тајм-аут доколку противникот даде кош. Ми го даде тајм-аутот и покрај тоа што не дадоа кош бидејќи моите кошаркари направија прекршок. Го прашав зошто ми даде тајм-аут, а тој ми кажа „Е*и се“. Тоа е голем срам за нашиот спорт, немам што друго да кажам“, откри легендата на грчката и европската кошарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

