Словачкиот прволигаш Спартак Трнава го претстави Кире Маркоски како ново засилување. Тој доаѓа како позајмен играч од АЕЛ Лимасол до крајот на сезоната. Клучен фактор за преселбата во Словачка бил Борис Годал, соиграчот од кипарскиот тим кој во минатото го носел дресот на Спартак Трнава.

„Борис во суперлатив ми зборуваше за Спартак Трнава. Тоа е клуб со богата историја и со значајни настапи во Европа. Се надевам дека ќе ги оствариме планираните цели на клубот“, изјави Кире Маркоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

