Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Финска со 3-1 (25-20, 25-16 24-26 и 25-22) во премиерниот натпревар на Европското првенство.
Македонија добро го започна мечот и веќе на стартот на првиот сет имаше предност од 10-6. Финска успеа да се врати, а во финишот повторно следеа голем број на наши грешки кои резултираа со губење на првиот сет со резултат 25-20.
Во вториот сет Финците одиграа уште поубедливо и на крајот го добија со 25-15. Македонија заигра на своето ниво дури во финишот на третиот сет во кој со неверојатна игра успеаја да го освојат со 26-24 и да останат во живот во натпреварот.
Сепак тоа беше максимум што направија нашите одбојкари бидејќи Финците успеаја да се ресетираат и да слават во последниот сет со 25-22.
Никола Ѓорѓиев со 16 поени беше најдобар поединец во нашиот табор. Во второто коло кое на програмата е во петок Македонија ќе се сретне со Холандија во натпревар кој е со почеток во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА