Скопје ќе биде домаќин на завршниот турнир од Европската лига во одбојка, се со цел нашите репрезентативци да имаат уште поголеми шанси за конечно да се закитат со златниот медал во ова натпреварување. „Спартанците“ во претходните години редовно стигнуваа до финалето, но ниту еднаш не успеаја да ја минат последната пречка. Домашниот терен и поддршката од навивачите сигурно ќе бидат дополнителен фактор во битката за златото, за кое македонските одбојкари се желни по серијата добри игри во Европската лига.
Како што информираше Одбојкарската Федерација на Македонија, завршниот турнир ќе се одржи на 15 и 16 мај 2018 година.
Домаќинството на Ф4 турнирот значи и автоматско учество на нашите одбојкари на овој фајналфор. Македонија во секој случај ќе продолжи со учеството во групата А од ова натпреварување, во кое нашите одбојкари за противници ќе ги имаат Австрија, Латвија и Косово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА