Спас од банкрот: Цибона пријави учество во АБА

Цибона е на добар пат да се спаси од згаснување откако новото раководство испратило пријава за настап во АБА лигата следната сезона, пренесува Александар Петровиќ. Легендарниот хрватски стратег воедно ја започна иницијативата за спас на загрепскиот клуб, а и покрај тоа што се чинеше дека „Ние сме Цибона“ нема да вроди плод, следат подобри денови.

Како потсетување, освојувачот на „двојната круна“ во хравстското првенство претходната сезона се соочи со неколку милионски долгови по што следеше заминување на најголемиот дел од играчите и тренерите.

„И покрај тоа што не е во мој доем сакам да споделам добра вест дека сегашното раководство на Цибона испрати пријава за настап во АБА лигата! Со тоа ја превземаат и одговорноста за клубот“, објави Петровиќ на Твитер.

Се вчитува...