Спас во последен час: Виртус Болоња се спаси од финансиски колапс

Виртус Болоња ќе продолжи да биде финансиски стабилен клуб откако во последен момент беше најден излез од кризната ситуација, откако компанијата „Сегафредо“ пред околу еден месец објави дека нема да може да продолжи да биде главен спонзор на италијанскиот кошаркарски гигант. Проблемот настана откако приватната фирма „Кватро Р“ за 90 милиони евра купи 50% од акциите во „Сегафредо“, по што газдите на оваа компанија најавија дека не се заинтересирани за толкави вложувања во кошарката.

Во изминатите дваесетина дена беа водени интензивни разговори на оваа тема, за на крајот да биде најден заеднички јазик и денеска да биде потпишан нов договор, со кој „Сегафредо“ ќе остане главен спонзор и за сезоната 2024/25.

По ова, веќе е јасно дека Виртус Болоња ќе добие вајлд-карта и за наредната сезона во Евролигата, а финансиската инјекција ќе ги зголеми шансите за задржување на клучните играчи во тимот. Летово истекуваат договорите на Лундберг, Абас, Мики, Данстон и Маскола, дел од овие играчи сигурно ќе си заминат, но се очекува Болоња да има солиден буџет за да донесе адекватни замени и уште повеќе да го засили играчкиот кадар.

Се вчитува...