Во големото торинско дерби, Јувентус славеше над Торино со минимален резултат 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Мануел Локатели.
Торино беше апсолутно рамноправен ривал, но иако сериозно ослабен од неиграњето на Дибала и Мората, Јувентус сепак покажа дека се работи за тим кој има шампионски ген и успеа на крај да победи. Решавачкиот момент се случи во 86. минута, кога Мануел Локатели реагираше брилијантно по додавањето на Киеза, постигнувајќи нов гол, во вториот последователен натпревар во Серија А.
По оваа победа, Јувентус скокна на осмото место со 11 бода, исто колку и седмопласираната Аталанта, како и шестиот Лацио, но со натпревар помалку. Водечкиот Наполи е сеуште далеку, дури седум бода со натпревар помалку. Торино е 11 -ти со осум бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА