Спасот на Барселона доаѓа од „Енфилд роуд“

Барселона се најде во неочекувани проблеми откако Марк Бернал заработи тешка повреда на коленото, па младиот фудбалер за врска ќе мора да го пропушти остатокот од оваа натпреварувачка сезона.

Станува збор за играч кој важеше за „план Б“ на позицијата последен играч за врска, како дополнителна опција за Френки де Јонг, но ако се знае дека и Холанѓанецот подолго време е повреден и нема точна прогноза кога би се вратил на терен, јасно е зошто каталонците мораат да реагираат и да доведат ново засилување за овој дел од тимот.

Ресурсите се ограничени, па затоа Лапорта нема преголем избор, а според последните информации спасот на Барса би можел да дојде од Ливерпул. Стефан Бајчетиќ е новата желба на каталонскиот гигант, шпанскиот тинејџер со српски корени кој доби зелено светло да замине на позајмица од „Енфилд роуд“ за да се здобие со неопходното првотимско искуство откако ја пропушти целата ланска сезона поради повреда.

Ханси Флик е тренер што не се плаши да им даде одговорни задачи на младите фудбалери, а токму германскиот стратег го побарал Бајчетиќ како последно засилување на Барса до крајот на овој преоден рок. Каталонските медиуми попладнево информираат и за понуда од четири милиони евра за едногодишна позајмица на Бајчетиќ, без клаузула за откуп на крајот од сезонава, нешто што им одговара и на Барса и на Ливерпул.

Се вчитува...