Хјустон рокетс во суперинтересен натпревар дури по продолжение успеа да слави над Далас со 153-149. Џејмс Харден постигна 23 од своите вкупно 49 поени уште во првата четвртина, а мечот го одбележа голема битка и надмудрување на двете страни. Далас го имаше добиено мечот откако поведе со 138-131 на 45 секунди до крајот на регуларниот дел, но „ракетите“ успеаја да се вратат и со поените на Ковингтон со звукот на сирената (по намерно промашеното слободно фрлање на Харден) го одведоа мечот во продолженија.
Лука Дончиќ оствари трипл-дабл од 28 поени, 13 скокови и 10 асистенции, одличен кај Далас беше Порзингис со 39 поени и 16 асистенции, но и тоа се покажа недоволно за овој тим да стигне до победата.
Милвоки славеше над Бостон со 119-112, дуел на кој блескаше Јанис Адетокумбо. Грчкиот ас го заврши мечот со 36 поени, 15 скокови и седум асистенции, продолжувајќи онаму каде што застана пред прекинот на сезоната, зацврстувајќи се на првото место во Источната конференција.
Резултати НБА:
Бруклин – Орландо 118-128, Портланд – Мемфид 140-135 (по прод.), Вашингтон – Феникс 112-125, Милвоки – Бостон 119-112, Сан Антонио – Сакраменто 129-120, Далас – Хјустон 149-153 (по прод.).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА