Спектакл на Монументал: Аргентина без Меси го уништи Бразил (ВИДЕО)

И пред Суперкласикото помеѓу Аргентина и Бразил, светскиот првак обезбеди учество на идниот Мундијал. Меѓутоа Аргентинците пласманот на Светското првенство го прославија со убедлива победа над вечниот ривал со 4-1.

Иако играше без Лионел Меси, без Мартинез и Дибала, и мечот ништо не им значеше резултатски, сепак, на крајот славеа убедлив триумф.

Уште по првиот дел беше 3-1, а стрелци за домашната екипа беа Алварез во 4. минута, а потоа Енцо Фернандес во 12. минута зголеми на 2-0, па стрелаа Мекалистер во 37. минута и Симеоне во 71. минута. Стрелец на единствениот гол за Бразил беше Куња во 26. минута.

Додека Аргентина слави пласман на Мундијалот, на Бразил ќе му требаат теоретски уште две победи од последните четири кола, за да и тие се пласираат на идното Светско првенство кое се игра во САД, Мексико и Канада.

Во останатите мечеви, Чиле е се подалеку од Мундијал, откако на домашен терен ремизираше со Еквадор играјќи без голови. Колумбија и Парагвај одиграа меч без победник 2-2, додека Венецуела со 1-0 го совлада Перу.

Се вчитува...