Спектакл на „Вембли“ во чест на Руни, Англија славеше против САД

Англија во пријателски дуел ја совлада селекцијата на САД со убедливи 3-0, меч што ќе остане запаметен како последен во репрезентативната кариера на Вејн Руни. Големиот ас уште пред извесно време му кажа збогум на „гордиот албион“, но селекторот Саутгејт и челниците на ФА се решија да го повикаат Руни за оваа пријателска средба, против земјата во која голгетерот моментно настапува во МЛС-лигата.

Ветеранот влезе во игра во второто полувреме и предизвика овации од трибините. Бајката можеше да биде комплетирана со гол во самиот финиш кога одличниот напаѓач се најде во добра ситуација, но не успеа да ја смести топката во мрежата.

Саутгејт експериментираше со составот чувајќи дел од клучните играчи за значајниот натпревар против Хрватска во Лигата на Нации, но Англија сепак стигна до рутинска победа благодарение на головите на Лингард, Александер Арнолд и Вилсон.

Се вчитува...