Утрешниот ревијален натпревар меѓу ракометната репрезентација на Македонија и селекцијата на ветерани ќе биде одигран пред исполнети трибини во „СЦ „Борис Трајковски“ откако беа распродадени сите билети за овој натпревар.
Ракометната Федерација информираше дека повеќе нема билети во продажба и дека салата за овој спектакл ќе биде исполнета до последно место, а како што од претходно беше најавено од РФМ, сите приходи од овој хуманитарен меч ќе завршат на сметката на СОС Детското село.
Мечот „Сите ѕвезди“ ќе почне во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а покрај ракометниот спектакл гледачите ќе можат да уживаат и во музичко шоу на неколку врвни изведувачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

