Спектакл: Со гол од пола терен го реши финалето (видео)

Неверојатен погодок го одбележа финалето на Арапскиот куп што се одржуваше во Катар, каде Мароко во драматичен меч славеше над Јордан со 3-2.

Фантастичното финале беше најавено со неверојатен погодок на Мароканецот Танане, кој од сопствената половина го шокираше противничкиот голман.

Јордан се врати и со два гола дојде до предност, но финишот мина во знакот на Мароканците, кои стигнаа до голема победа во ова финале со погодокот на Хамдалах во судиското продолжение.

Се вчитува...