Спектакл: Усик ќе ја брани ВБЦ титулата против кик-бокс легенда

Најдобриот светски боксер Олександр Усик е подготвен за нов спектакл откако прифати борба за одбрана на шампионскиот појас во ВБЦ-верзијата, против кик-бокс легендата Рик Верхеввен.

Оваа спектакуларна борба е закажана за 23 јуни во Египет, што воедно ќе претставува и враќање на Усик во рингот по пауза од десет месеци, по победата со нокаут над Даниел Дубоа со која стана апсолутен боксерски шампион.

Украинецот има импресивни 24-0 во кариерата, се надеваше на борба со Деонте Вајлдер, но откако тој го избра Чисора за следен ривал, Усик се реши за поинаков спектакл, прифаќајќи го предизвикот за борба со кикбоксерот Верховен, кој во кариерата има само една боксерска борба, и тоа пред 12 години.

„Јас 12 години бев апсолутен шампион во тешка категорија во кикбокс, постигнав се што имав наумено. Тоа што бев толку долго на врвот не ми го одзеде гладот за нови успеси, мотивиран сум како никогаш досега“, изјави 36-годишниот Верховен.

Се вчитува...