Спектакл во Атина, Олимпијакос по продолжението го урна Панатиниакос

Одлична атмосфера, драма, и фантастична кошарка прикажаа актерите на дербито за Атина во првото коло во Евролигата, на крајот со „хепи-енд“ за Олимпијакос. Во текот на мечот двата тима се менуваа во водство. Пред последната четвртина Панатинаикос имаше предност, но Олимпијакос влезе одлично во последниот период, со 0-10 и го презеде водството. Врати Панатинаикос и дојде повторно до водство, за во финишот да се влезе со нерешен резултат 74-74.

Олимпијакос промаши напад, па Лесор ја имаше топката во рацете, ја испушти, па му овозможи на „гостинот“ да дојде до победа на 20 секунди пред крајот. Сепак, промашија „црвено-белите“, а потоа Слукас имаше шанса за победа, но и тој промаши, па се играше продолжение исто како и во Истанбул.

Олимпијакос во продолженијата влезе со неверојатни 0-12, благодарение на блескавата партија на Вилијамс-Гос кој ја стиша арената во Атина. На крајот продолжението го доби тимот од Пиреја со 14-4 за конечни 78-88.

Слукас беше најефикасен со 20 поени, додека кај победничкиот тим Вокап беше најдобар со 17 поени.

Се вчитува...