Спектакл во Базел: Седум гола, Вирц со гол за „Пушкаш“ и победа на Германија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Германија славеше со 4:3 на гостувањето во Базел кај Швајцарија во пријателски натпревар одигра вечерва. Германците двапати губеа, но на крајот успеаја да се вратат, а потоа и двапати да водат, и да дојдат до победа. Мечот ќе биде одбележан и по прекрасниот гол на Флоријан Вирц за предност од 2-3.

Швајцарија одлично го почна мечот и поведе со убавиот гол на Ндоје. Та израмни откако со глава ја спроведе топката во мрежата на Кобел. Брел Емболо донесе нова предност за Швајцарија пред самиот финиш од првиот дел, но Гнабри со уште еден убав гол успеа да донесе „егал“ на полувремето.

Прекрасен гол на Флоријан Вирц во 61. минута. Фудбалерот на Ливерпул одкосо од преку 30 метри упати прецизен шут кој заврши под пречката од голот на Швајцарија. Монтеиро потоа донесе нова „симетрија“ на резултатот, за Вирц во 85. минута ги постави конечните 3-4.

Од другите пријателски натпревари, Холандија ја совлада Норвешка со 2-1, Грција загуби дома од Парагвај, а Австрија со 5-1 славеше над Гана. Црна Гора со 2-0 ја совлада селекцијата на Андора.

Се вчитува...