Феноманелен натпревар одиграа Партизан и Црвена Звезда во дуелот на вечните, за првпат во историјата овој пат во Евролигата, на кој на крајот во повеќе од драматичен финиш славеше Црвена Звезда со 73-76.
Црвено-белите до победата дојдоа со тројката на Недовиќ на само две секунди до крајот на натпреварот.
Претходно, Партизан извонредно го почна мечот добивајќи ја првата четвртина со 20-11. Но, Црвена Звезда потоа брзо возврати па се играше израмнето до последните секунди од дуелот. Партизан имаше напад за победа во последните 20 секунди, меѓутоа во двоен напад најпрво Јам Мадар промаши шут за три поени, а потоа промаши и Кевин Пантер на 15 секунди до крајот. Па, во следниот напад на само две секунди до звукот на сирената Недовиќ погоди тројка за конечна победа од 73-76.
NEMANJA NEDOVIC CALLS GAME IN BELGRADE 🤯🤯🤯 pic.twitter.com/Zc31o8bYkR
— Dionysis Aravantinos (@AravantinosDA) December 8, 2022
Токму Немања Недовиќ беше најефикасен во победата на Црвена Звезда со 20 поени, а 14 поени постигна Лука Вилдоса. Кај Партизан најефикасни беа Кевин Пантер со 15 поени и Јам Мадар со 14 поени.
Црвена Звезда дојде до триумф во 288-та дерби пресметка меѓу двата тима, но прв мегдан на вечните во Евролигата. Па сега „црвено-белите“ дојдоа до шестата победа во 12 натпревари во Евролигата, а Партизан остана на претходните четири победи, сега и со осум порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА