Долго се чекаше на првото гостување на Лука Дончиќ со ЛА Лејкерс назад во Далас, а синоќешниот дуел сигурно долго ќе биде прераскажуван во американската јавност.
Лука беше брилијантен и постигна 45 поени за лејкерси, , но она што импресионираше не се бројките, туку дочекот што навивачите на Далас му го приредија на својот доскорешен миленик. Уште при првите поени на Дончиќ низ салата се скандираше „Отпуштете го Нико“ (за генералниот менаџер што го трејдуваше Словенецот), а мнозинството на домашните навивачи на овој меч го поддржуваше противникот, токму поради Дончиќ.
„Лука засекогаш“, беше напишано на бројни транспаренти ширум арената, а вистинскиот спектакл се случи на една минута до крајот, кога тренерот на лејкерси го повлече Дончиќ од игра, а цела сала стана на нозе за да го испрати големиот ас, покажувајќи му ја својата наклоност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА