Алекс Маркез ја забележа својата прва победа во највисоката класа на Мото ГП, победувајќи на трката за Големата награда на Шпанија во Херез.
Алекс е брат на Марк Маркез кој вчера победи на спринтот, но лошо ја почна денешната главна трка. И покрај тоа, сепак, успеа да го престигне својот брат, за да во продолжението направи голема грешка и излета од патеката, па на крајот заврши на 12. место.
Но, дефинитивно, Алекс Маркез засекогаш ќе ја памети оваа трка во Шпанија како негова прва победа во Мото ГП. По вчерашното второ место на спринтот сега победи и на главната трка.
Во спектакуларно возење Алекс најпрво го стигна Бањаја, а после неколку круга го мина и Квартараро и во мирна завршница прв ја мина целта. Место на подиумот имаше и за Квартараро и Бањаја, а четврти заврши Маверик Вињалес.
Not many would have predicted this before the start of the weekend but what a #MotoGP race
#SpanishGP
pic.twitter.com/i4Qqp40Xqf
— MotoGP™
(@MotoGP) April 27, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА