Денеска се одигра еден натпревар од 7. коло во Лигата на Европа. Во Истанбул, се сретнаа Галатасарај и Динамо Киев, а турскиот тим може да жали што не стигна до сите три бода и до четврти триумф во ЛЕ. Од друга страна, пак, Динамо Киев го освои првиот бод во групата, после шест порази.
Санчез уште во 6. минута донесе предност за домашните, а кога Бардакчи со прекрасен гол погоди во 21. минута од средбата, се чинеше дека Галатасарај ќе му нанесе нов пораз на Динамо Киев. Меѓутоа Украинците во 45. минута успеаја да намалат на 2-1 преку Ванат.
Осимен од пенал во 53. минута одново го донесе Галатасарај на +2. Ветеранот Андреј Јармоленко е херој на Динамо, откако со два гола во финишот успеа да донесе прв бод за Динамо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

