Спектакл во Италија: Андреа Пирло го одигра својот проштален меч (видео)

Стадионот „Сан Сиро“ во Милано вечерва беше исполнет, од фанови кои сакаа за последен пат да го видат на дело Андреа Пирло.

Италијанскиот генијалец кој ја заврши кариерата својот проштален натпревар го организираше непосредно по завршувањето на Серија А, а на него учествуваа бројни соиграчи и ривали од највисока класа, како Дел Пјеро, Тоти, Шевченко, Лампард, Руи Коста, Инзаги… а на клупите се најдоа Анчелоти, Конте, Алегри,

Екипите беа поделени на „бели ѕвезди“ предводени од Дел Пјеро, Малдини, Тоти и Виери, и „сини ѕвезди“ за кои настапија Кафу, Шевченко, Тевез, Сидорф, Буфон… Резултатот не беше во преден план, „сините“ водеа со 7-3 до двасетина минути до крајот, за Инзаги да постигне хет-трик во самиот финиш и овој спектакл да заврши без победник, 7-7.

Се вчитува...