Спектакл во Лас Вегас: САД и Канада ќе одиграат дуел пред ЛОИ

Канадската кошаркарска федерација соопшти дека репрезентацијата на оваа земја на 10. јули во Лас Вегас ќе одигра пријателски натпревар против Соединетите Американски Држави.

Канаѓаните наесен ги совладаа САД со 127-118 во мечот за третото место на Светското првенство во Кина, но на ЛОИ во Париз се очекува Американците да настапат со „дрим-тим“ па затоа овој меч се очекува да биде вистински спектакл.

Кошаркарската федерација на САД претходно најави дека на 20. јули во Лондон ќе одигра пријателски натпревар со Јужен Судан, а два дена подоцна ќе се сретне и со Германија. Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26. јули до 11. август.

Се вчитува...