Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ обезбеди свое ново полуфинале на Австралија Опен откако во феноменална пресметка во четвртфиналето триумфираше против младиот шпански ас Карлос Алкараз со 6-4, 4-6, 3-6 и 4-6.
Неверојатен „атомски тенис“ во Мелбурн по три часа и 37 минути во кој на крај победник е само еден – Новак Ѓоковиќ.
Во одличен ритам почна натпреварот, првиот сет добивајќи го Шпанецот со 6-4. Но, во вториот сет сосема еднакво враќа Ѓоковиќ со 4-6, за да извонреден тенис демонстрираат двајцата во третиот сет кога српскиот тенисер со неколку извонредни поени спаси два гема и го освои сетот со 3-6.
SPEECHLESS.
Novak Djokovic secures the third set. No words.@wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis • #AusOpen • #AO2025 pic.twitter.com/ghJD0bKGfc
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 21, 2025
И во последниот сет, во вистинска драма Ѓоковиќ од самиот старт направи брејк, кој го чуваше до крајот и покрај силниот притисок на младиот Шпанец за да го освои со 4-6 и конечна победа во четири сета.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со германскиот тенисер Александар Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

