Спектакл во Милано: Гол на Шкрињар, „ножички“ на Леао и жесток дочек за Донарума (ВИДЕО)

Спектакуларен фудбал на дербито вечерва во Лигата на шампионите во групата Ф на дуелот меѓу Милан и ПСЖ. Резултатот на полувремето е 1-1, а покрај головите имаше и пречки, шанси, но на крајот двата тима дадоа само по еден гол.

Џанлуиџи Донарума имаше „пеколен“ дочек на Сан Сиро од страна на навивачите на Милан, кои не му го заборавија бесплатниот трансфер во 2021 година од Милано во Париз.

Екс фудбалерот на Интер, Милан Шкрињар го донесе ПСЖ во водство, а потоа Леао со ножички успеа да го совлада Донарума, на општо задоволство на сите на „Сан Сиро“. Донарума прими гол, но имаше уште 3-4 супер интервенции.

Лајпциг успеа многу рано преку Симонс да ја „олади“ Маракана, додека предност од 2-0 има Атлетико Мадрид против Селтик, но и играч повеќе. Ерлинг Халанд и Фил Фоден донесоа предност за Манчестер Сити во дуелот со Јанг Бојс со 2-0, додека Порто со гол од пенал има предност во мечот со Антверпен.

Чиро Имобиле во првата минута од судиското надополнување го израдува „Олимпико“ за водство на Лацио против Феенорд.

 

Се вчитува...