Италијанскиот мотоциклист Валентино Роси и актуелниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон ќе ги заменат улогите во трка во која Италијанецот ќе го вози болидот на Мерцедес, додека Британецот ќе седна на Јамаха на Роси.
Спектаклот се очекува да се случи по завршувањето на сезоната во двете натпреварувања, а домаќин на трката ќе биде Абу Даби. Малезијската нафтена компанија „Петронас“ е спонзор и на Мерцедес и на Јамаха, а двајцата великани се и добри пријатели.
Роси во 2008 година го возеше болидот на Ферари во Шпанија, додека Хамилтон се уште немал прилика да вози мотор од кралската класа иако е голем фан и на машините на две тркала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА