Ивандер Холифилд ја потврди можноста за спктакулрана пресметка со големиот ривал, Мајк Тајсон. 53-годишниот Тајсон предизвика лавина реакции во јавноста и во боксерскиот свет со фотографиите од тренинзи и потоа со потврдата дека би бил дел од егзибициски мечеви.
Холфилд кој има 56 години исто така најавува можност за враќање на боксот преку егзибициски и хуманитрни дуели. Тој за британскитем едуми изјави дека би се согласил на пресметка со Тајсон која би имала хуманитарен карактер.
„Треба да го прашате и него. Но, ако е за хуманитарни цели и ако можеме да годовориме нешто што би им одговарало на сите би било вин-вин позоција“ – вели Холифилд.
Ако воопшто се случи, овој дуел би бил трет меѓу Холифилд и Тајсон. Тие имаа две борби пред повеќе од 20 години и во двете подобар беше Холифилд. Вториот меч за титулата во тешка категорија беше неславниот во кој Тајсон му одгриза увото на Холифилд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА