Спектакл во најава: Кирјос и Ѓоковиќ ќе играат заедно во Бризбејн

Српскиот и австралискиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос ќе бидат дел од АТП турнирот во Бризбејн како дел од подготовката за новата сезона и првиот грен-слем во Австралија.

А, покрај тоа што можеби ќе си ги одмерат силите меѓусебно на теренот, тие ќе бидат и партнер во дабл конкуренцијата, објави денеска Ник Кирјос.

Кирјос и Ѓоковиќ еднаш важеа за „непријатели“, но односот се промени откако на српскиот тенисер му беше забранет влез во Австралија поради невакцинираност од Ковид-19.

Се вчитува...