Спектакл во најава: Мекгрегор го нарече Волкановски „мало колбасче“, Македонецот експресно му одговори

Ѕвездите во УФЦ, Конор Мекгрегор и Александар Волкановски влегоа во вербален конфликт на социјалните мрежи и најавија можен спектакл на УФЦ 300.

За време на УФЦ 293 евентот кој се одржа изминатиот викенд поранешниот УФЦ шампион во две тежински категории, Мекгрегор даваше свои предвидувања на социјалните мрежи и не ја пропушти шансата да упати погрдни зборови кон шампионот во лесна категорија, Австралијанецот со македонско потекло, Волкановски, нарекувајќи го „мало колбасче“ и заканувајќи се дека лесно ќе го прегази.

Македонецот не потклекна на провокациите туку го прифати предизвикот на Ирецот со одговор „Да се видиме на УФЦ 300“.

Се вчитува...