Поранешниот капитен на Англија, Рио Фердинанд, ќе биде главен презентер на ждрепката за Светското првенство во 2026 година, објави денес Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
На церемонијата ќе му се придружат неколку истакнати американски спортисти, вклучувајќи ја и легендата на НБА, Шекил О’Нил.
„Како играч, Светското првенство беше најважниот момент во мојата кариера. Денес сум горд што продолжувам да бидам дел од оваа приказна, заедно со исклучителни личности, додека ги откриваме составите на 12-те групи што целиот свет ги чека “, рече Фердинанд, како што објави францускиот спортски весник „Л’Екип“.
Поранешната американска фудбалерка Саманта Џонсон, исто така, ќе го води ждрепката заедно со него. Бројни спортски великани од САД исто така беа ангажирани за оваа церемонија.
Покрај Ели Менинг, двократен шампион во НФЛ, кој ќе биде домаќин на црвениот тепих, во извлекувањето учествуваат четири водечки имиња во американскиот спорт, секое задолжено за по еден шешир – Том Брејди, легенда на американскиот фудбал (НФЛ) – Вејн Грецки, еден од најголемите хокеари во историјата на НХЛ – Арон Џаџ, ѕвезда на бејзбол клубот Њујорк Јенкис – Шекил О’Нил, четирикратен шампион во НБА и член на Кошаркарската куќа на славните
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

