Тајсон Фјури тврди дека го прифатил предизвикот за борба со Мајк Тајсон во сензационален егзибициски настан. Супер-пресметката меќу актуелниот и поранешниот боксерски шампион во тешка категорија би требало да го означи враќањето на Тајсон во рингот откако пред извесно време покажа дека е во завидна форма, особено за неговите 53 години.
„Добив повик во кој ме прашаа дали сакам да боксувам на егзибициски меч со Мајк Тајсон. Во прв момент не ми се веруваше, а потоа секако дека кажав ДА“ – вели Фјури.
И Фјури го потврдува што што Тајсон го најави претходно, а тоа е дека боксерите нема да имаат финансиска добивка од мечевите и оти целата заработка ќе оди во хуманитарни цели. Сепак за да дојде до овој настан ќе треба голема организација. Ќе треба да се види и како воопшто би одело враќањето на Тајсон во рингот, додека за Фјури би било остварување на сонот да се бори против човекот по кој го добил името.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА