Спектакл во Ријад: Девет гола, погодија и Меси, Роналдо, Мбапе, црвени картони, пенали…

Осум голови, три пенали, еден нереализиран, црвен картон, голови на Меси и на Роналдо и овации од трибините на натпреварот помеѓу комбинираниот тим на Ал Хилал и Ал Наср и ПСЖ. На едната страна Роналдо, на другата Меси, двајцата најдобри играчи во последните две децении, на крајот го добија Парижаните со 4:5.

Меси во 3. минута донесе предност за ПСЖ, а Роналдо успеа да врати со гол од пенал. Маркињос во 43. минута донесе нова предност за ПСЖ, а потоа Нејмар лошо го изведе пеналот и пропушти да донесе убедливо водство. Тоа го казнија домаќините преку Роналдо успеја да израмнат на 2-2 на полувреме.

Во вториот дел Рамос во 53. минута донесе предност, а Хјун-Со се погрижи за нов „егал“. Сепак, далеку подобриот тим на ПСЖ во финишот додаде „гас“ па со два гола го реши победникот. Најпрво стрелаше Мбапе, а потоа и Екитике донесоа 3-5. Талиска во судиското надополнување намали на 4-5 и го комплетираше спектаклот во Ријад.

Се вчитува...