Светскиот шампион во бокс во ВБА верзијата, Тајсон Фјури ја победи во спектаклот во Саудиска Арабија големата ММА ѕвезда, Францис Нгану со поделена одлука на судиите (95-94, 96-93, 94-95).
Фјури и Нгану приредија вистински спектакуларна борба која на крајот по 10 рунди со одлука на судиите ја доби „Кралот на циганите“.
Нгану феноменално го почна мечот, добивајќи ги симпатиите од публиката, константно одеше во напад но без некои позначајни удари во првите две рунди. За да во третата рунда, Камерунецот испрати страшен удар кој го испрати ВБЦ шампионот на подот. Успеа Фјури да стане, но видливо беше дека не му е сеедно што се најде во нокдаун.
NGANNOU JUST DROPPED TYSON FURY
— 🌴ᴛʜᴇᴀʀᴛᴏꜰᴡᴀʀ🌴 (@TheArtOfWar6) October 28, 2023
Нгану продолжи и понатаму со силни удари, иако Фјури веќе активно се врати во следните рунди. Фјури беше се се подобар во продолжението, задаваше повеќе удари, но Нгану воопшто не се откажуваше од активната борба и во подоцнежните рунди. Изгледаше доста добро нанесувајќи му голема штета на Фјури. Во осмата рунда повторно имаше феноменална серија која го раздрма шампионот, но не успеа повторно да го испрати на под.
Фјури во деветата рунда го покажа шампионското лице. Вистински го надбоксува Нгану каде ги стекна, се чини, поените за победа. Фјури беше подобар до крајот па ја доби наградата од судиите. Еден судија додели победа за Нгану, а двајца за Фјури.
Francis Ngannou may have lost a split decision to Tyson Fury but HE WON on so many levels. Respect! 🫡
FWIW I scored it for Ngannou ✍️pic.twitter.com/haQCxHs2gh
— Chamatkar Sandhu (@SandhuMMA) October 28, 2023
Фјури нов предизвик го чека на 23. декември против Олександар Усјук, и тоа ќе биде борба за апсолутен шампион на светот во тешка категорија. Нгану, пак, покажа дека и тоа како е сериозен противник за секого во рингот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА