Спектакл во Сан Себастијан: Виљареал со гол во последните секунди до триумф над Сосиедад (ВИДЕО)

Одличниот натпревар во Сан Себастијан помеѓу Реал Сосиедад и Виљареал, беше крунисан со пет голови и со победа на гостинскиот тим и тоа со погодок во последните секунди од натпреварот.

Виљареал се стекна со предност од 0-2, која подоцна беше анулирана. Перез во 31. минута и Молеиро во 57. минута го донесоа гостинот до водство од два гола. Меѓутоа Солер во 61. минута намали.

Баренетче во 87 минута од слободен удар постигна спектакуларен гол, и со тоа го израмни резултатот. Но, Виљареал не се предаде. Успеа да постигне гол во 95 минута од мечот, и да дојде до победата.

Се вчитува...